frizura.mk
🚚 БЕСПЛАТНА ДОСТАВА за сметка над 1500 денари
🚚 БЕСПЛАТНА ДОСТАВА за сметка над 1500 денари
Почестете се со најдоброто во категоријата нега на косата!
Kativa е бренд познат по своите производи за исправување, но нуди и комплетни ритуали за коса кои овозможуваат врвен квалитет додека уживате во удобноста на вашиот дом. Ненадминливиот квалитет и низата решенија за најразновидните типови коса го направија овој бренд број 1 во светот.
Производите на Катива се богати со природни состојки, не содржат сулфати, соли или парабени.
Катива сетот за исправање на косата е збогатен со органско арганово масло, шеа путер, растителен кератински протеин, аминокиселини и гјоксил. Растителниот кератински протеин со аминокиселини хидрира дава сјај и еластичност на косата.
Резултатот е мазна и хидрирана коса која има природно движење, сјај и свиленкаст изглед.
Сетот за бразилско исправување вклучува: шампон за пред третманот 15 мл, маска-третман за исправање на косата 150 мл, шампон за по третман 30 мл и регенератор за коса 30 мл.
Исклучително лесен за употреба дома.
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО СОВРШЕНО МАЗНА КОСА
1. Измијте ја косата со шампонот наменет за миење на косата пред третманот. Нанесете два пати и темелно исплакнете.
2. Просушете ја косата со пешкир, отстранете го вишокот вода и целосно исушете ја со фен.
3. Поделете ја косата на прамени и со рацете на кои имате ставено ракавици за еднократна употреба, нанесете од маската (третманот) за исправање на претходно поделените прамени. Оставете да делува 15 минути.
4. Исправете ја косата користејќи четка и фен.
5. Потоа, одделувајте помали прамени и секој прамен поминете го со претходно загреана преса на 210 С. Секој прамен треба да го поминете помеѓу 8 и 12 пати.
6. Откога целосно ќе ја поминете косата со преса, косата повторно ја миете со шампонот наменет за после третманот и завршувате со регенератор. Темелно исплакнете.
7. Косата потоа се стилизира на вообичаениот начин.
| Бренд | Kativa |
|---|

© 2023 Frizura.mk. Овозможено од SajtKreator.com
© 2023 Frizura.mk. Овозможено од SajtKreator.com