Заштита на приватноста и личните податоци
За да можеме успешно да ја реализираме Вашата нарачка, ќе ни бидат потребни Вашето име и презиме, адреса, email адреса и телефонски број. Со помош на овие податоци ќе бидеме во можност да Ви ја доставиме нарачката и да Ве известиме за моменталниот статус на истата. Се обврзуваме дека ќе ги чуваме приватноста и личните податоци на сите наши клиенти. Прибавените податоци се неопходни, основни податоци за клиентите и корисниците и претставуваат податоци потребни за работење и информирање на клиентите во склад со добрите бизнис манири и во функција на давање на квалитетна услуга. На клиентите им оставаме можност да изберат дали сакаат да бидат избришани од мејлинг листата. Сите податоци за клиентите/корисниците строго и доверливо се чуваат и се достапни само на вработените на кои тие податоци им се неопходни за работење. Сите вработени во Дакалама Нет Дооел се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста и личните податоци. Се обврзуваме дека прибавените податоци нема да ги користиме за ниедна друга цел, ниту пак ќе ги проследуваме на третти лица.
Покрај наведените информации собираме, анализираме и обработуваме и податоци во врска со производите кои што нашите посетители ги бараат и купуваат, како и за интернет страните кои што ги посетуваат. Тие податоци понатаму ги користиме за да можеме да ја подобриме нашата понуда, изгледот на интернет страната и да Ви овозможиме поедноставно користење и посигурно и поудобно пазарење.
Согласност и промена на условите
Користењето на нашите услуги подразбира согласност од корисниците за наведените Услови на користење. Дакалама Нет Дооел Скопје се обврзува дека ќе се придржува до се што е наведено во Условите за користење, а сите промени на условите стануваат важечки откако ќе бидат објавени на оваа страна и откако електронски ќе бидат известени сите регистрирани корисници.