Како да ја заштиттите косата од еколошките загадувачи?
Листа на желби (0)Мој налогКошничкаИспрати нарачка

Како да ја заштиттите косата од еколошките загадувачи?

Автор: sonja Објавено во: Нега на коса Поставено: 2020-12-20 Посети: 41 Коментар: 0

Збор два за линијата Magnet.

Зошто и се потребни на вашата коса производите од линијата Magnet? Како да се справите со еколошките загадувачи и да имате здрава и сјајна коса?

 

 

           Загадувањето е сеприсутна тема и едноставно не изостанува ден да не биде споменето во дневните натписи и вести, без оглед дали станува збор за загадување на воздухот, водата, природната средина или воопшто планетата. Сите сме свесни за негативното влијание на еколошките агресори, за неможноста да се избориме и да ги намалиме штетите предизвикани од нив.

            Од загадувањето никој не е поштеден, па така не е поштедена ни вашата коса, но ретко кој обрнува внимание на тој сегмент кога станува збор за негата на и грижата за косата.  Ефектите од загадувањето иако се „невидливи” и немерливи со голо око, сепак се одразуваат и на вашата коса, на нејзиниот квалитет, на нејзиниот изглед и нејзината општа состојба.

            Revlon Professional ја понуди линијата Magnet како одговор на загадувањето и како решение со кое ќе бидат надминати сите негативни влијанија на еколошките агресори и надворешни фактори кои секојдневно допринесуваат за безживотниот изглед на вашата коса.

           Magnet претставува прва иновативна линија која се бори против агресивните еколошки загадувачи од атмосферата. Со Магнет производите се добиваат најдобри колор резултати во процесот на фарбање, бланширање и нијансирање. Професионалците кои работат со производите на Magnet, со нивните креации сведочат за позитивните ефекти од користењето на Магнет линијата. Сржта на линијата Magnet e Polluplex System-от кој претставува напредната комбинација на хелациони агенси, антиоксиданси и кератин, како и состојки кои создаваат заштитен филм околу влакното и на тој начин се борат против загадувањето и штетите што се предизвикани од него. Магнет производите освен подобри колор резултати, даваат и поголема заштита и отпорност на косата во однос на надворешните негативни влијанија.

           Revlon Professional одите и чекор потаму и понуди Магнет решенија за нега на косата во домашни услови. Тие се достапни за сите оние кои што се грижат за својата коса и мислат на нејзиното здравје.

REVLON MAGNET ANTI POLLUTION MICELLAR шампонот за коса ги отстранува честиците од загадувањето наталожени на скалпот и влакното на косата. Тој содржи состојки кои помагаат да се обнови косата, а истовремено ги неутрализира ефектите од тешката вода, правејќи ја косата неверојатно сјајна и мека.

REVLON MAGNET ANTI POLLUTION RESTORING маската за коса  спречува акумулирање на честици на косата и формирање на слободни радикали. На тој начин помага во одржување на природниот баланс на косата и придонесува кон нејзнино постојано и природно обновување, правејќи го влакното меко, а косата сјајна и свиленкаста на допир.

Најпопуларниот производ од линијата Магнет несомнено е REVLON MAGNET ANTI POLLUTION DAILY SHIELD заштитниот спреј кој не се измива. Тој се бори против ефектите на загадувањето и UV зраците со што го успорува прераното стареење на косата. Ги неутрализира непријатните миризби и има антифриз ефект. Може да се користи и на мокра и на сува коса, а неговата моќ на неутрализација на непријатните миризби од воздухот е неверојатна.

            Три препарати за домашна употреба со неверојатна моќ на заштита, еден систем за борба против еколошките агресори кои негативно влијаат и на твојата коса.

            Заштити ја и пружи ѝ ја потребната нега на твојата коса тогаш кога и е најпотребно.

Автор на текстот: Соња Р.

Тагови:

Остави коментар

Captcha