Кои Олаплекс производи може да се користат во домашни услови?
Листа на желби (0)Мој налогКошничкаИспрати нарачка

Кои Олаплекс производи може да се користат во домашни услови?

Автор: sonja Објавено во: Нега на коса Поставено: 2020-11-29 Посети: 93 Коментар: 0

Кои Олаплекс производи може да се користат во домашни услови?

    Во семејството на Олаплекс, постојат и производи за нега на коса специјално дизајнирани за домашна употреба. Тие може да се користат поединечно или како систем од производи кои ќе одговорат на потребите на вашата коса и со нивното заедничко дејство ќе дадат максилмални резултати и ефекти.

    Олаплекс 3 е третман за коса кој што ја регенерира, обновува и зајакнува косата во сржта на самото влакно така што ги поврзува раскинатите структурни врски и создава нови. На мокра коса претходно просушена со пешкир се нанесува од препаратот по должина на целата коса, а потоа се остава да делува што подолго време (минимум 15мин). Во зависност од густината, должината и степенот на оштетеност на косата, третманите со Олаплекс 3 се прават 1-2 неделно.
    Следен чекор е миење на косата со Олаплекс 4 шампонот за коса. Мала количина од Олаплекс 4 се нанесува на дланките, нежно се масира скалпот и се шампонира убаво целата коса. Потоа се плакне со топла вода. Олаплекс 4 дава длабинска хидратација на косата и ја прави исклучително мазна и мека.
    По шампонирањето, на косата се нанесува мала количина од Олаплекс 5 кондиционерот за коса. Нанесената количина од Олаплекс 5 убаво се распределува по целата должина на влакното, се остава да делува 3-5 минути, а потоа убаво се плакне со млака вода. Олаплекс 5 кондиционерот за задржува влагата во косата, за штити кутикулата на влакното, го олеснува расчешлувањето и помага косата да се скроти и да биде лесна и погодна за стилизирање.
    Олаплекс 6 кремата за коса претставува препарат за коса со двојно дејство бидејќи ја штити и негува на косата, но истовремено нуди и стајлинг придобивки. Олаплекс 6 кремата за коса може да се користи и на мокра и на сува коса. Прво се нанесува мала количина на дланките која потоа убаво се прераспредеува по должината на целата коса. Олаплекс 6 делува така што ја измазнува кутикулата на влакното, ја замазнува косата, спречува создавање на електрицитет и појава на фриз ефект, ја прави косата отпорна на несаканото дејство на влагата во воздухот, па косата останува дефинирана до 72 часа
    Олаплекс 7 е масло за коса кое ја регенерира оштетената коса, пружа заштита од високи температури, го зголемува сјајот, нуди анти-фриз ефект, а поради својата екстра лесна формула Олаплекс 7 не ја отежнува косата и може да се користи и повеќератно во текот на денот. Олаплекс 6 и Олаплекс 7 може да се користат и комбинирано пред фенирање и стилизирање на косата и тогаш даваат најдобри резултати и најдолготрајни ефекти.

Тагови:

Остави коментар

Captcha