ОЛАПЛЕКС - МАГИЈА ЗА ВАШАТА КОСА
Листа на желби (0)Мој налогКошничкаИспрати нарачка

ОЛАПЛЕКС - МАГИЈА ЗА ВАШАТА КОСА

Автор: sonja Објавено во: Нега на коса Поставено: 2020-11-21 Посети: 58 Коментар: 0

ОЛАПЛЕКС - МАГИЈА ЗА ВАШАТА КОСА

   

ОЛАПЛЕКС - МАГИЈА ЗА ВАШАТА КОСА


Што е Олаплекс?

Олаплекс претставува револуционерна формула која ја обновува и регенерира оштетената коса и ја штити од дополнителни оштетувања во текот на процесите на боење, осветлување, хемиско третирање, при изложеност на високи температури или механички оштетувања на влакното.

Како делува Олаплекс?
Олаплекс препаратите дејствуваат на молекуларно ниво така што повторно ги сврзуваат раскинатите структурни врски во самото влакно, правејќи ја косата појака и поотпорна на хемиски, механички и термички оштетувања. На тој начин тие драматично го подобруваат квалитетот и интегритетот на косата.

 

Какви Олаплекс производи постојат и за кого се наменети?
Постојат различни видови на Олаплекс препарати и тие се наменети и одговараат за сите типови коса. Може да ги користат сите без никакви исклучоци затоа што овие производи не содржат алергени, сулфати, ф-лати, силиконски деривати, парабени и други штетни материи во својот состав. Исто така, Олаплекс производите не се тестираат на животни.

Постојат Олаплекс производи наменети за салонска и за домашна употреба.

Олаплекс производите за салонска употреба во целост го штитат интегритетот на косата во текот на: третманите за трајно исправање и извиткување на косата, во процесот на бојадисување, бланширање, извлекување на прамени, вклучувајќи ги и повеќекратните бланширања кога косата ја осветлуваме од многу темна во светла. Препаратите за салонска употреба исто така може да се користат и како самостоен третман за регенерација на оштетената коса или како подготовка на исклучително порозна коса за хемиски процеси како фарбање и/или бланширање.

 

Производите за домашна употреба пак имаат различна намена, начин на користење и даваат различни резултати. Најдобри ефекти и најголеми придобивки за косата има кога сите Олаплекс производи за домашна употреба се користат заедно како систем за нега на косата, односно кога се комбинираат во зависност од потребите на самата коса.

 

 

 

Автор на текстот:Соња Р.

Тагови:

Остави коментар

Captcha