Орофлуидо Амазонија - ритуал за нега на коса
Листа на желби (0)Мој налогКошничкаИспрати нарачка

Орофлуидо Амазонија - ритуал за нега на коса

Автор: sonja Објавено во: Третмани за коса Поставено: 2019-08-22 Посети: 297 Коментар: 0

Орофлуидо Амазонија - ритуал за нега на коса

Orofluido ™, бренд познат по ритуали за нега на коса, продолжува со потрага по античките тајни на убавата коса од целиот свет, откривајќи некои од мистериите кои што лежат скриени во срцето на Амазонија.

Прославувајќи го богатството што доаѓа од неговата природна, автохтона флора, Orofluido Amazonia ™ ја користи моќта на трите природни состојки за создавање на линија на производи за професионална нега кои што ѝ даваат на косата виталност и енергичност како од амазонските прашуми:

• Murumuru путер – многу богат со масни киселин, ја зголемува хидратацијата на косата. Прави заштитен слој околу влакното на косата и ја измазнува кутикулата обновувајќи ја и давајќи ѝ волумен

• Масло Sacha Inchi - богат со незаситени Omega-3 и Omega-6 масни киселини. Ја обновува и реконструира косата, правејќи ја поотпорна на оштетувања

• Екстракт од Acai бобинки - содржат многубројни нутритиенти кои ги прават едни од најбараните овошки на планетата со голем удел на антиоксиданси. Помагаат при заштита на косата од слободни радикали.

Орофлуидо Амазонија е линија специјално наменета за жените со ослабена или оштетена коса и се состои од салонски третман во три чекори и колкеција од луксузни производи за домашна употреба: шампон, маска и обновувачки балм, кои ѝ даваат на вашата коса здрав и негуван изглед секој ден. Орофлудио Амазонија ритуалите за нега на коса претставуваат задоволство за сите сетила. Ја будат убавината на косата, помагаат длабински да се регенира и реконструира влакното одвнатре и ја прават косата мека, нахранета и природно бујна.

Тагови:

Остави коментар

Captcha